Штутгарт одигра катастрофален натпревар на гостувањето против Аугсбург, губејќи со 6-0 од тимот што се бори за опстанок во Бундес-лигата. По овој убедлив пораз челниците на „швабите“ решија да му врачат отказ на тренерот Маркус Вајнцирл, а заедно со него клубот ќе го напуштат и Халил Алтинтоп и Томас Барт, кои беа дел од неговиот стручен штаб.
„Прекината е соработката со тренерот Маркус Вајнцирл и неговиот тренерски тим. За привремен тренер избран е Нико Вилиг, кој работи со нашиот тим за играчи до 19 години“ – соопштија од раководството на Штутгарт.
Вајнцирл пристигна во Штутгарт по седум одиграни кола, наследувајќи го Тајфун Коркут на клупата на „швабите“. Сепак, тој не ги оправда очекувањата, Штутгарт е без победа во последните шест кола и падна на 16. место на табелата, пласман со кој ќе треба да игра бараж за опстанок во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА