Фудбалерите на Штутгарт стигнаа до голем триумф во домашниот шампионат откако вечерва стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај Баер Леверкузен во натпревар од 16. коло од германската Бундеслига.
Левелинг уште во 7. минута донесе водство од 0-1 за гостите. Мителштад од пенал во 29. минута зголеми на 0-2, додека со головите на Левелинг во 45. и Ундав во втората минута од судиското продолжени до полувреме веќе беше 0-4 за Штутгарт.
Во вториот дел домаќините успеаја само да го ублажат поразот (1-4) преку Грималдо од пенал во 66. минута.
Bayer Leverkusen 0-[4] Stuttgart – Deniz Undav 45+2'
byu/denzaus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

