Фудбалерите на Штутгарт го победија Ајнтрахт Франкфурт пред своите навивачи со 3-2, во 17. коло од Бундеслигата.
Ајнтрахт поведе на почетокот од натпреварот, уште во 5. минута кога Расмус Кристенсен постигна гол по асистенција од Рик Доан за 1-0.
Сепак, Штутгарт се врати, прво Ермедин Демировиќ постигна гол во 27. минута за 1-1, а потоа Денис Ундав им донесе водство на домашните во 35. минута за 2-1.
Во второто полувреме, во 80. минута, Ајнтрахт израмни откако Ајуб Амаимуни постигна гол за 2-2.
Штутгарт успеа повторно да поведе и на крајот да победи во 87. минута кога Николас Нарти постигна гол за 3-2.
Штутгарт е на третото место во Бундеслигата со 32 бода, додека Ајнтрахт е на седмата позиција со 26 бода.
Во продолжението од натпреварувањето, Штутгарт го пречекува Унион Берлин, додека Ајнтрахт е домаќин на Вердер Бремен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

