Штутгарт со триумф против Дармштад се врати на врвот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Штутгарт триумфираше со 3-1 против Дармштад во првиот натпревар од 5. коло во Бундеслигата, по што се врати на врвот од табелата во германскиот шампионат.

Гостите први поведоа на мечот со автоголот на Загаду во 17. минута, но сето тоа само како да ги налути домашните кои до крајот со три гола сосема заслужено дојдоа до трите бода.

Најпрво во 22. минута Миљо израмни на 1-1, за да Гираси во 32. минута со прекрасен гол веќе донесе предност од 2-1 за Штутгарт.

Во 93. минута истиот играч со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 3-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...