Екипата на Штутгарт со убедливи 0-4 го совлада Вердер на гостувањето во Бремен, и дојде до осмиот триумф, прв после два последователни порази. „Швабите“ минатото коло на домашен терен беа торпердирани со 5-0 од Баерн Минхен, и сега се рехабилитираа на најдобар можен начин.
Штутгарт целосната доминација ја круниса со два гола во финишот на првиот дел. Ел Канус и Левелинг за само четири минути го однесоа гостинскиот тим до 0-2.
Кулибали доби црвен картон кај Вердер, по што со 11 против 10 Штутгарт продолжи да гази, па до крајот на мечот со головите на Ундав во 79, и на Фурих во судиското надополнување, дојдоа до убедлив триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

