Фудбалската федерација на Македонија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, го одржува Редовното годишно собрание, на кое се присутни 94 од вкупно 98 делегати. Како надзор од УЕФА е присутен и Давор Шукер, претседателот на Фудбалската федерација на Хрватска. Тој го отвори собранието со свој говор, истакнувајќи дека Македонија имаше големи успеси од сите аспекти, во изминатата 2017 година.
„Ако ја погледнете 2017 година, не знам дали Македонија можеш воопшто да направи повеќе. УЕФА е среќна што има значаен партнер во Фудвалската федерација на Македонија. Имавте и успеси, историски настапи. Сениорскиот национален тим направи скок од 90 места на листата на ФИФА, младата репрезентација до 21 година учествуваше за првпат на Европското првенство во Полска, ФФМ изгради капитален објект за фудбалската Академија, но и беше организатор на Суперкупот на Европа. За нас од УЕФА, важно е и што Фудбалската федерација на Македонија максимално ги почитува статутите за работа, кои се усогласени со Европската куќа на фудбалот. Ние живееме во „лесно запаллив“ регион, секогаш бараме уште и повеќе овде на Балканот, и во таа насока искрено, од името на УЕФА ви посакувам уште повеќе успеси во наредниот период“, изјави Давор Шукер, претседателот на Фудбалската федерација на Хрватска, и висок претставник на УЕФА на Редовното годишно собрание на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА