Првиот човек на хрватскиот фудбал Давор Шукер одговори на шпекулациите околу наводните местења натпревари во кои учествувал, а кои ги лиферуваше поранешниот аргентински репрезентативец Оскар Руџери.
„Во мојата кариера се сеќавам дека играв само еден наместен натпревар, оној меѓу Хрватска и Аргентина во 1994 година по голем дожд и заврши без голови. За тоа најзаслужни беа Диего Марадона и Давор Шукер кои се договорија двата тима да не се напаѓаат. Тоа беше идеја на Аргентина затоа што уморни допатувавме во Загреб, а Хрватите се согласија“ – истакна Руџери.
Шукер сето тоа го демантираше истакнувајќи дека со Марадона се договорал само за една работа.
„Единствено што се договарав со Марадона е посета на гробот на Дражен Петровиќ кого Марадона многу го ценеше како спортист. И околу ништо друго“ – истакна Шукер кој во тоа време беше соиграч со Марадона во Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА