„Шумахер би бил среќен Хамилтон да освои титула со Ферари“

Некогашниот возач на Формула 1, Џанкарло Физикела, рече дека Михаел Шумахер би бил среќен ако Луис Хамилтон освои титула со Ферари.

Искусниот 39-годишен возач на Мерцедес, од идната година ќе вози за Ферари. Британецот зад себе има седум титули во шампионатот на Ф1.

Легендарниот Шумахер возеше за Ферари од 1996 до 2006 година, и освои пет титули во Ф1.

„Шумахер би бил среќен кога би видел дека Хамилтон вози за Ферари и освојува титула. Знам дека Шумахер беше одличен водач на тимот. Не знам во каква ситуација е, никој не знае, но му посакувам се најдобро и сакам наскоро да се врати“, рече Физикела.

Се вчитува...