Шумахер јуниор добива шанса во Ферари веќе во Бахреин

Синот на Формула 1 легендата, Михаел Шумахер, Мик ќе дебитира како тест возач за Ферари на 2 април. 20-годишниот Германец кој пред извесно време потпиша договор со академијата на италијанскиот тим ќе вози во Бахреин еден ден за Ферари, а еден ден за тимот Алфа Ромео.

Шумахер јуниор во Формула 2 ќе дебитира веќе претстојниов викенд исто така во Бахреин. Мик тргнува по стапките на неговиот славен татко кој има рекордни пет Формула 1 титули со Ферари, а за овој тим ги забележа и најголемиот дел од победите.

Михаел Шумахер второто повлекување од Ф1 го имаше во 2012 година, по трагичната несреќа во 2013 година јавност нема многу информации за неговата состојба.

Во Бахреин за 31 март е закажана втората трка од Ф1 сезоната.

 

 

 

Се вчитува...