Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун смета дека Мик Шумахер има минимални шанси да биде возач во најбрзиот циркус.
Синот на славниот седумкратен светски шампион, минатата година возеше за Хаас, од каде доби отказ, а сега 24-годишниот Мик е резервен возач во Мерцедес.
„Мик треба да заборави на својот сон, бидејќи порано или подоцна се будиш од сонот. Мислам дека нема место за него во Формула 1 и тој треба да ги разгледа алтернативите“, изјави Еклстоун.
Берни, кој има 92 години, смета дека на Шумахер Јуниор му е потребен ментор.
„Тешко му е да се носи со познато презиме. Јасно е дека ја има поддршката од мајка му и семејството, но му требаше некој кој ќе го подготви за се што го чека во Формула 1. За жал, тоа не беше случај“, изјави Еклстоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА