Ситуацијата околу седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, сè уште не е целосно позната.
Ретко се случува информации да протекуваат од семејството или од добро информираниот новинар Феликс Горнер, кој сега носи најновата вест за состојбата на Михаел Шумахер, кој се здоби со повреда на главата на скијање во Франција во 2013 година и оттогаш не се знае неговата состојба.
Сепак, според последните извештаи, Германецот веќе е во посериозна состојба, која бара негово комплетно внимание.
„Ситуацијата е многу тажна. На Мајкл му треба постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели. За жал, тој веќе не може ниту да зборува“ – изјави Горнер во интервју за германските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА