Шумахер во прв контакт со светот по 12 години… Ова го напиша со помош на сопругата Корина…

Михаел Шумахер пред нецели 12 години имаше страшна несреќа при скијање со семејството, оттогаш состојбата на легендарниот Формула 1 возач се крие од јавноста, а денеска беше обелоденета нова информација – за прв контакт на легендарниот Шуми со јавноста, со помош на неговата сопруга Корина.

Имено, хуманитарната организација на Џеки Стјуарт успеа да ги обезбеди потписите на сите 20 Формула 1 прваци низ историјата кои се уште се живи, вклучувајќи го и Шумахер. Потписите беа ставени на кацигата што Стјуарт ја носеше на себе при почесниот круг на трката за ГН на Бахреин, со што ја одбележа 60-годишнината од своето деби во Формула 1.

Кацигатата е во бела боја, со препознатлив шкотски дезен, а на неа се потпишаа Макс Ферстапен и уште 18 поранешни шампиони пред истото да го стори и Михаел Шумахер, со помош на сопругата Корина.

„Прекрасно е што Михаел беше во можност да ја потпише кацигата за оваа хуманитарна цел. Здружението помага за борба против деменцијата, болест за која што се уште не постои лек. Стапив во контакт со семејството, знам дека сопругата му помогнала, но сега ја имаме колекцијата од потписите на сите живи светски шампиони“, изјави Џеки Стјуарт.

Се очекува оваа кацига наскоро да биде продадена на аукција, а дополнителна вредност ќе добие токму поради потписот на Шумахер.

Се вчитува...