Поранешниот првак во Формула 1, Михаел Шумахер, бил примен во клиника во Париз каде врз него ќе бидат извршени „тајни третмани“ кои би требало дополнително да ја подобрат здравствената состојба на Германецот. Легендата на Ф1 во јануари наполни 50 години, но неговата конкретна здравствена состојба се крие од јавноста цели пет години, по страшниот пад при скијање во Марбела.
Весникот „Паризиен“ тврди дека Шумахер во понеделникот бил примен во клиниката „Помпиду’ во Западен Париз, каде ќе му биде извршен специфичен зафат од страна на францускиот хирург Филип Менаш.
Повеќе детали засега не се обелоденуваат во јавноста, но извори блиски до семејството тврдат дека ова е знак дека состојбата на Шуми се подобрува, а се прави обид со овој нов третман тој уште повеќе да напредува.
Портпаролката на Шумахер не ги демантираше овие пишувања, а последна официјална информација за состојбата на Германецот е писмото од неговото семејство во кое се тврди дека „Михаел се наоѓа во најдобри раце“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА