Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до голема победа на домашен терен против Вардар со 26-23 и со тоа по пауза од 18 години ја вратија титулата во Битола.
Шефот на стручниот штаб на битолчани Звонко Шундовски по мечот вели дека иако победата е голема, се уште имаат работа која треба да ја завршат.
„Работиме да бидеме победничка екипа, со таков менталитет. Тоа овие момци го заслужуваат со нивниот квалитет, а уште повеќе тоа го заслужува и оваа публика која не бодреше 60 минути на највисоко ниво. Ова беше еден тежок, но и важен натпревар за двете екипи. Во Вардар има играчи кои освојувале европски титули, тоа искуство не се купува со пари, знаат како да ги одиграат посебно овие натпревари. Ние денес добро го покривме тој дел, ја подготвивме екипата и играчите одиграа максимално на теренот. Сите изгинаа и заслужено дојдовме до победата. Ни следат уште два меча пред нас, ова е голем чекор кон титулата. Имаме два меча со сериозни противници, мора да бидеме максимални, па потоа ќе славиме. Се надевам дека ова е потсрек за едно одржување на високо ниво и конкретно, екипа за Лигата на шампионите“, изјави Шундовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА