Шурле се сели во Русија, на позајмица во Спартак Мосвка

Германскиот интернационалец Андре Шурле кариерата ќе ја продолжи во Русија. Тој следната сезона како позајмен играч ќе ја мине во дресот на Спартак Москва, а рускиот клуб доби можност и за комплетно откупување на договорот од Борусија Дортмунд.

Шурле минатата сезона исто така ја помина како позајмен фудбалер во англискиот тим Фулам.

„Отворам ново поглавје во кариерата и верувам дека ќе имаме убави заеднички моменти со Спартак Москва“, изјави Андре Шурле.

Се вчитува...