Швајнштајгер и Ивановиќ објавија прва фотка од синот

Поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер станаа среќни родители на малиот Лука, откако Србинката се породи во клиника во Чикаго, носејќи го на свет нивното прво дете. И двајцата се пофалија на социјалните мрежи истакнувајќи дека се неизмерно среќни по проширувањето на нивното семејство.

„Добредојде на светот наше мало момче. Толку сме среќни“, напиша Швајнштајгер, објавувајќи ја првата фотографија заедно со синот Лука и својата сопруга Ана.

 

Се вчитува...