Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер со германска упорност и со професионален однос кон тимот успеа да му докаже на менаџерот Жозе Мурињо дека има квалитет и понатаму да го носи дресот на Манчестер јунајтед. Португалецот по доаѓањето на „Олд трафорд“ објави дека нема да смета на Швајнштајгер, меѓутоа во последните неколку седмици работите се променија, па тој доби можност да игра во тимот на „црвените ѓаволи“. Сега популарниот Швајни е регистриран и за настапите на Манчестер јунајтед во Лигата на Европа.
Манчестер јунајтед во шеснаесеттинафиналето од ова натпреварување ќе ги одмери силите со францускиот клуб Сент Етјен. Првиот натпревар е на програмата на 16.февруари, а Мурињо ќе може да смета и на Бастијан Швајнштајгер, кој не беше регистриран за првата фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА