Германскиот првак Баерн Минхен го отпушти тренерот Нико Ковач, а медиумите веднаш го наметнаа прашањето дали Жозе Мурињо би можел да пристигне на „Алијанц арена“ како негов наследник. Во опција се уште неколку имиња меѓу кои и Масимилијано Алегри, но страстите уште повеќе ги разгоре Бастијан Швајнштајгер, поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, кој соработуваше со Мурињо во Манчестер Јунајтед. Тој вели дека Португалецот отсекогаш сакал да работи во Бундес-лигата и многу често го прашувал за односите и состојбите во Баерн Минхен.
„Мурињо постојано ме прашуваше за начинот на работа во Баерн Минхен, а кога одевме на патувања тој многу почесто го следеше германскиот шампионат отколку тимовите од Премиер – лигата. Исто така знам и дека учеше германски јазик. Верувам дека Мурињо има голема желба да работи во Германија“, изјави Швајнштајгер.
Можеби веќе за неколку дена „Специјалниот“ ќе седне на клупата на Баерн Минхен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА