Швајнштајгер: Мурињо предвреме ми ја заврши кариерата

Некогашниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер, на поткаст призна дека Жозе Мурињо предвреме му ја прекинал кариереата откако бил дел од Манчестер Јунајтед.

Германецот во 2015 година стигна во Манчестер Јунајтед, но само една година подоцна си заминал. Причината е Жозе Мурињо.

„Беше многу чудно. Дојдов во соблекувалната да се подготвам за тренинг, а некој ми рече дека не смеам да бидам тука и дека морам да отидам на тренинг со резервниот тим. Ме повреди тоа што Мурињо не сакаше да разговара со мене. Се обратив, и тој ми рече некои работи кои не ми беа јасни. Имаше врска со мојата втора повреда во клубот“, изјави Швајни.

Тој кажа дека се радувал на доаѓањето на Португалецот, а откри дека Мурињо го сакал и во Интер и во Реал Мадрид.

„Имав голем респект кон него. Два пати ме бараше во Интер и во Реал Мадрид. Никогаш не разбрав зошто ми го направи тоа. Не е вистина дека сум бил непрофесионален“, порача Швајнштајгер.

Се вчитува...