Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер откако освои се што можеше да се освои со Баерн Минхен го прифати и првиот интернационален предизвик потпишувајќи за Манчестер Јунајтед летото 2015 година на големо задоволство на домашните фанови.
Сепак за година и пол помината во клубот искусниот Германец одигра само 35 натпревари, а причината за тоа ја откри во разговор со Гери Невил.
„Беше во летото 2016 година, а во Манчестер се вратив нешто подоцна бидејќи со репрезентацијата на Германија играв во полуфиналето на Европското првенство па тимот веќе беше заминат турнеја во САД.
Првиот ден тренирав со Златан Ибрахимовиќ, а веќе следниот ден и тоа на мојот роденден клупскиот директор Џон Муртоу ми кажа дека не ми е дозволен влез во соблекувалната на првиот тим. Без никакво предупредување пред тоа. Морав од домарот да барам да ми ги донесе работите од соблекувална бидејќи не смеев да влезам во неа“, откри Швајнштајгер кој потоа говореше и за муабетот со Жозе Мурињо.
„Ми објасни дека ме видел дека не сум среќен во Манчестер Јунајтед бидејќи за време на повреда се оперирав во Германија. Јас тогаш имав договор со Луис ван Гал рехабилитацијата да ја правам во Германија преку работната недела, а во текот на викендот да бидам со тимот. Мене ми беше важно што поскоро да оздравам и да се вратам на терен. Но, тоа е сфатено како е сфатено. Го сакав Јунјтед, но морав да заминам бидејќи Мурињо не ми дозволуваше да бидам дел од првиот тим. Тренирав пред или по нив со помошниот тренер“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА