Швајцарија доби вајлд-карта за СП во ракомет

Светската ракометна федерација ИХФ одлучи вајлд-картата за Светското првенство во 2025 во Норвешка, Данска и Хрватска да и ја додели на репрезентацијата на Швајцарија.

За специјалната покана аплицираа, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Грција и Груција, па на крајот ИХФ се одлучи да им ја додели на Швајцарците.

Втората вајлд карта со одлука на Конгрес е доделена на САД кои, пак, не беа со најсилниот состав на квалификациите на Северна Америка и Кариби, па така Куба го искористи моментот и по долга пауза ќе ја видиме на СП.

Репрезентацијата на Швајцарија ќе биде сместена во четвртиот шешир и одново е можен противник на Македонија.

Се вчитува...