Швајцарија го забрани мечот Базел – Ајнтрахт од Лигата на Европа

Министерството за правда и безбедност на Швајцарија донесе забрана за одржување на фудбалскиот натпревар од Лигата на Европа меѓу Базел и Ајнтрахт Франкфурт. Поради засилените мерки за безбедност на граѓаните од проширување на коронавирусот натпреварот кој е закажан за 19 март нема да се одржи во Базел, истакнаа градските власти. Првиот дуел се игра во Франфурт за три дена.

„По разговорите со полицијата во Базел и според лекарски проценки, донесена е одлука да нема фудбал во четврток во овој град. Приоритет ни е да ги заштитиме граѓаните поради ширењето на коронавирусот. Не сакаме непотребни ризици“, се вели во соопштението од кантонот Базел-Штад.

Натпреварот меѓу Базел и Ајнтрахт Франкфурт е првиот европски меч кој е откажан поради коронавирусот. УЕФА најверојатно ќе бара соломонско решение, натпреварот да се игра на неутрален терен.

 

Се вчитува...