Македонската ракометна репрезентација до 20 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство Б-Дивизија откако загуби од Швајцарија со 14-31. Нашите ракометари беа рамноправен противник само во првиот дел од првото полувреме по што добриот финиш на Швајцарците им донесе предност од шест гола по првите 30. минута, а добрата игра на противникот не запре ниту во вториот дел.
По изедначениот почеток на натпреварот во кој „црвено-жолтите“ имаа предност од 5-4 следеа две серии на швајцарските ракометари кои со 5-0 стигнаа до водство од 5-9, а потоа успеаја да влезат во нова серија па со 3-0 да поведат со 6-12 на полувремето. Добрата игра на Швајцарците продолжи и во второто полувреме во кое противникот одолеа на нашиот налет и стигна до првата двоцифрена предност (11-21) за мирен финиш на мечот.
Михаил Иваноски беше лидер на Македонија со три гола, додека него го следеа Тодески, Димковски, Шулески и Димевск со по два. Тотиќ, Белистојановски и Узунчев постигнаа по еден гол.
Со денешниот пораз Македонија групната фаза ја завршува на третото место во конкуренција со Швајцарија, Романија, Украина и Косово па во следната фаза ќе се бори за пласман помеѓу петтото и осмото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

