Бледо издание на Италија во првото полувреме, после кое губи од Швајцарија со 1-0. Во 1/8 финалето кое се игра во Берлин, Ремо Фројлер ги донесе Швајцарците во предност во 37. минута. Швајцарија има повеќе од играта, повеќе од шансите, Италија со повремени напади, но сето тоа е многу „бледо“ да се дојде до опасност.
Италија тргна со ослабена одбрана, без Калафиори и без Димарко, а не играа ништо оние кои Спалети ги испрати на теренот, па целосната доминација Швајцарија ја круниса со водство.
Фролјер се најде во добра позиција, и така успеа да донесе предност за Швајцарците. Ридер во финишот на полувремето имаше уште една шанса за Швајцарија, односно Донарума одбрани со помош на стативата.
Европскиот првак ако не смени нешто во играта во вториот дел, лошо им се пишува, особено ако се има во предвид дека речиси и да не го „видоа голот“ на Зомер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА