Одбраната на Швајцарија не може да се справи со нападот на Португалија, па и покрај тоа што излезе Шер поради повреда, и влезе Комер. Токму од неговата страна падна третиот гол за Португалија, и тоа Рамош кој доби топка од Далот, и ја смести зад грбот на Зомер.
Во 55. минута и Гереиро се запиша во листата на стрелците од левата страна, за конечен печат на 1/4 финалето и дуел со Мароко. Тешко е за верување дека Швајцарија ќе успее да избегне елиминација иако во 58. минута преку Аканџи намалија на 4-1.
Португалците покрај головите, имаа уште две добри шанси, и засега имаат целосна контрола на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА