Швајцарија немаше одговор: Кадетките со прва победа во Црна Гора

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го запиша првиот триумф на Европското првенство во „Б“ Дивизија откако славеше над селекцијата на Швајцарија со 64-57. Македонија беше подобриот противник во поголемиот дел од мечот, а клучна беше третата четвртина во која избраничките на Даниловски направија двоцифрена предност, доволна за премиерна победа во главниот град на Црна Гора.

По изедначената игра во поголемиот дел од првата четвртина нашите репрезентативки беа подобриот противник во завршницата за предност од 19-15 по десет минути игра. Добриот ритам продолжи и во втората четвтина кога предноста се зголеми на 25-17, но сепак избраничките на Даниловски не успеаја да ја задржат истата па мораа да се задоволат со 36-33 на полувремето.

„Црвено-жолтите“ продолжија со добрата игра и на отварањето на втората четвртина. Диктирајќи го темпото стигнаа до предност од 12 поени во третата четвртина (54-42), а двоцифрената негатива беше преголем залак за Швајцарките во одлучувачките десет минути.

Милица Николиќ ја предводеше Макеоднија со дабл-дабл од 16 поени и 13 скока, 15 поени и 5 скока додаде Ана Ангеловска, Бојана Николиќ броеше до 12, а како двоцифрена со десет поени мечот го заврши Зара Стојковска.

Се вчитува...