Швајцарија е првиот 1/4 финалист на Европското првенство во Германија, откако денеска во Берлин ја елиминираше Швајцарија. На крајот Швајцарците навидум лесно ја совладаа анемичната Италија со 2-0. Италијанците не личеа на европски првак, и заслужено се елиминирани од натпреварувањето.
Изненадувачки беше составот на Спалети, кој излезе со Манчини, Дармијан, Ел Шарави, Фаџоли и Киеза. Швајцарците поведоа преку Фројлер во 37. минута од средбата. Откако доби една топка, после грешка на одбраната на Италија, Фројлер ја смести топката во мрежата на Донарума.
Само што почна вториот дел, Варгас со прекрасен удар вторпат го совлада Донарума за 2-0. Италија се обиде да врати веднаш, ја погоди и стативата, меѓутоа и со двајца напаѓачи „азурите“ не успеаја да дојдат барем до гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА