Швајцарија триумфално против Турција, ќе чека место за осминафинале

Репрезентацијата на Швајцарија со 3-1 славеше против Турција во последното коло од Групата А на ЕВРО 2020 и сосема извесно со четири победа како третопласирана ќе обезбеди место во осминафиналето. Но, за тоа ќе треба да ја почека разврската во останатите пет групи на првенството.

Швајцарците уште во првото полувреме ја најавија победата со головите на Сеферовиќ во 6. минута и Шаќири во 26. минута.

Во второто полувреме, Кавечи во 62. минута намали на 2-1, но во 68. минута Џердан Шаќири со својот втор гол заокружи на 3-1.

Од оваа група директен пласман во осминафиналето обезбедија Италија и Велс.

Се вчитува...