Швајцарската 25-годишна скијачка Корин Зутер победи на супервелеслаломот за Светскиот куп во германски Гармиш Партенкирхен, стигнувајќи до својата втора победа во кариерата, а прва во оваа дисциплина.
Второто место го освои Австријката, Никола Шмидхофер со заостаток од 43 стотинки, а успехот на Швајцарките го комплетираше Венди Холденер со третото место.
Најголемото изненадување го приреди Французинката Тифани Готие која со стартен број 24 стигна до четвртото место, со само стотинка заостанување зад третопласираната Холденер.
И покрај тоа што, поради смртта на својот татко, не дојде во Гармиш, Американката Микаела Шифрин остана на врвот во трката за Големиот кристален глобус со 1225 бода, 145 повеќе од Италијанката Федерика Брињоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА