Швајцарката Сутер најбрза на спустот во Андора

Швајцарската скијачка Корин Сутер триумфираше на женската спуст-трка од Светскиот куп во Солдеу, Андора. Таа до победата стигна со време 1:31,62 минути.

Втора заврши Австријката Нина Ортлајб (+0,11 секунди), а третата позиција ја освои Италијанката Софија Гоџа (+0,24 секунди). Ова е прва победа на Сутер во Светскиот куп по декември 2022 година (кога славеше во супервелеслалом) и нејзино враќање на победничкиот пиедестал по подолг период без врвни резултати.

Швајцарката е олимписка шампионка во спуст од Игрите во Пекинг 2022 година, а ова и е вкупно шеста победа во кариерата во Светскиот куп.

Се вчитува...