Швајцарска доминација на спустот во Бормио

Швајцарскиот скијач Алексис Мони е сензационален победник на спустот во италијанскиот зимски центар Бормио како дел од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.

За двојното славје на Швајцарија се погрижи Фрањо фон Алмен, кој со заостанување од 24 стотинки зад победникот го освои второто место. Третото место му припадна на Канаѓанецот Камерон Александар кој заостана 72 стотинки.

Најдобриот светски скијач Марко Одермат остана без подиум во Бормио и се најде на петтата позиција со 80 стотинки зад победникот.

Се вчитува...