Швајцарските тенисер Роџер Федерер и Станислас Вавринка ќе ги одмерат силите во утрешното финале на Мастерс-турнирот во Индијан велс, откако двајцата фаворити лесно ги оправдаа ваквите улоги и со максимални 2-0 во сетови славеа во своите полуфинални пресметки.
Федерер против себе го имаше домашниот миленик Џек Сок, но најдобриот тенисер на сите времиња уште во првиот сет јасно стави до знаење кој е кој. Откако го доби сетот со 6-1, Федерер наиде на посериозен отпор во продолжението, па вториот сет беше решен со тајбрејк. Сок имаше водство од 3-1, но потоа швајцарскиот ас влезе во ритам, го доби тајбрејкот со 7-4 и со осигура пласманот во финалето.
Таму Роџер за ривал ќе го има својот сонародник Вавринка, кој вечерва без никакви проблеми го совлада Шпанецот Карено Буста со 6-3, 6-2. Вавринка во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева на изненадување, рутински трасирајќи си го патот кон големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА