Швајцарија е победник на екипниот паралел слалом во Светскиот куп во алспко скијање, кој денеска се одржа во андорскиот ски – центар Солдеу. Тимот во состав Алин Денио, Венди Холденер, Рамон Ценхаурсен и Даниел Јуле во големото финале беше подобар од норвешкиот состав: Теа Стјернесунд, Мина Холтман, Кристијан Хауген и Себастијан Фос – Солеваг.
Третото место и припадна на германската екипа, Кристина Гајгер, Лена Дир, Фабијан Химелсбах и Антон Тремел која во малото финале ја совлада Канада.
Утре на програмата се велеслаломските трки, а сезоната во Светскиот куп ќе се затвори со трките во слалом кои се закажани за во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА