Шведска до бронзата на СП за жени

Репрезентацијата на Шведска го освои третото место на Светското Првенство за жени што се одржува во Франција, откако во малото финале славеше над Англија со 2-1.

Швеѓанките експресно се рехабилитираа од полуфиналниот пораз од Холандија, па фуриозно го почнаат мечот и поведоа со 2-0 со головите на Асилани и Јакобсон. Англичанките намалија преку Кирби во 31. минута, а потоа постигнаа и израмнувачки погодок преку Вајт што беше поништен по прегледување на ВАР-снимките.

Во големото финале ќе се сретнат селекциите на САД и на Холандија.

Се вчитува...