Ракометарките на Шведска стигнаа до петото место на Европското првенство во Швајцарија, Унгарија и Австрија откако денеска во трилер-меч славеа над репрезентацијата на Холандија со 33-32.
Двете екипи одиграа еден израмнет меч во кој Холандија во неколку наврати имаше плус два, но на пет минути до крајот се влезе во егал 31-31. Таму подобро се снајдоа Швеѓанките кои на крајот стигнаа до конечен триумф од 33-32. Робертс и Линквист со по осум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Дионе Хусер постигна девет гола.
Полуфиналните двојки се исто така денеска на програмата, а во нив се среќаваат: Унгарија – Норвешка (17.45) и Франција – Данска (20.30) часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА