Ракометарите на Шведска дојдоа до втората победа на ЛОИ во Париз. Попладнево расположените Швеѓани го добија мечот против Хрватска убедливо со 38-27, и се вклучија во битката за нокаут фазата. Хрватите, пак, го запишаа и вториот пораз, откако претходно загубија и од Словенија, а ги добија мечевите со Јапонија и со Германија.
Три гола предност на полувремето имаа Швеѓаните, и се чини контрола на играта. Во вториот дел Хрватска се обиде да се врати, но направи премногу грешки, па така Швеѓаните само ја зголемуваа разликата, која на крајот изнесуваше +11.
Мартиновиќ беше најефикасен кај Хрватска со осум гола, додека кај Шведска Пелас постигна девет.
Во оваа група попладне се среќаваат Германија – Шпанија и Јапонија – Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА