Репрезентацијата на Шведска со предност од 1-0 ќе патува на реваншот во Италија, по славјето на домашен терен во првата пресметка од баражот за пласман на СП 2018.
Во главно израмнет натпревар во кој и двете репрезентации имаа свои шанси, на крајот остана само еден погодок оној на Јакоб Јохансон во 61. минута со кој Шведска успеа да дојде до триумф.
Реванш дуелот меѓу двете селекции се игра на 13. ноември на „Џузепе Меаца“ во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА