Шведска лесно се справи со Ерменците на тестот пред ЕП

Вечерва беше одигран пријателски натпревар на кој Швдеска ја победи репрезентацијата на Ерменија на домашен терен со резултат 3-1 . Шведска ја оправда фаворитската улога, па уште во првото полувреме ја покажа својата доминација, успевајќи да ја има топката во свој посед во потполна доминација.

Натпреварот го отвори Емил Форсберг уште во 16. минута откако успеа да го совлада голманот на гостите од слободен удар. Одличниот гол беше само најава за натпревар со многу шанси и голови.

Во 34. минута повторно Емил Форсберг беше иницијатор за нов гол, тој успеа да испрати силен центар шут од корнер, а Маркус Даниелсон беше прецизен со глава, па донесе резултат од 2-0. До крајот на првото полувреме фудбалерите на Шведска не искористија прилика да ја зголемат својата предност, откако претходно Себастијан Ларсон не успеа да постигне гол од пенал.

Во второто полувреме репрезентативецот на Ерменија, Вахан Бичахчијан (Ерменија) постигна гол со глава, па гостите намалија на 2-1. Сепак, до крајот домаќините рутински го завршија натпреварот, а во 86. минута Маркус Берг ги псотави конечните 3-1.

За потсетување, Ерменија ќе биде противник на нашата репрезентација во квалификациската група за Светското првенство 2022 година.

 

 

 

 

Се вчитува...