Националниот тим на Шведска од денеска е без селектор, откако поранешниот легендарен дански тренер Џон Дал Томасон доби отказ од оваа функција.
Томасон е разрешен по бламажата на домашен терен од Косово, која со триумфот си ги зголеми шансите за пласман во баражот за Светското првенство, додека Шведска нема никакви шанси преку квалификациите да избори пласман на идниот Мундијал.
Данецот стана селектор на Шведска во февруари минатата година, кога беше назначен од страна на шведската федерација, и ова за него беше прва селекторска функција. Меѓутоа не успеа да се снајде во улогата, па затоа сега ќе бара нов предводник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

