Шведска е единствената селекција што со максимални четири бода ќе го заокружи првото коло од групата 2 од главната фаза на ЕП 2026 откако ко-домаќинот славеше над Словенија со резултат 35-31.
Словенците изненадија со одличното издание во првото полувреме во кое примија само 13 гола и на одмор заминаа со водство од 13-15. Сепак, Швеѓаните го отворија вториот дел со четири погодоци во низа и успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Избраниците на Зорман не се предадоа, разликата се движеше меѓу два и три гола, но Шведска успеа да ја задржи позитивата, претворајќи ја во конечен триумф од 35-31.
Сандел со седум гола беше најзаслужен за победата, шест постигна Јохансон, додека најефикасни кај Словенија во првиот пораз на ова ЕП беа Макуц со осум и Хоржен со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

