Ракометната репрезентација на Шведска ја оствари првата победа на Европското првенство, совладувајќи ја Србија со 30-25. Голманот Апелгрин ја спушти ’ролетната’ на шведскиот гол, со 20 интервенции беше фантастичен, а неговите соиграчи тоа знаеја да го искористат и да постигнат голем број лесни голови. На полувреме Швеѓаните имаа водство од 16-10, па иако Србија се закани и се доближи до два гола негатива, на крајот сепак славеа заслужено. За Србите тоа е втор пораз и ќе се надеваат само на теорија.
Петар Ненадиќ имаше класичен контранапад што можеше да ја врати Србија речиси во егал завршница, но не го искористи, а тоа Шведска знаеше да го казни.
Легергрен беше стрелец на пет гола во шведскиот состав, а по четири постигнаа Нилсон, Екберг и Јакобсон. Немања Илиќ постигна пет во селекцијата на Србија.
Франција ја оправда фаворитската улога против Австрија и славеше со 33-26. „Експертите“ на полувреме изградија пет гола позитива (17-12), а потоа рутински ја завршија задачата стигнувајќи до вториот триумф. Во отсуство на Никола Карабатиќ, кој доби одмор, Тимоти Н’гесан со седум гола беше најефикасен во селекцијата на „триколорите“. Кај Австријците, Вебер беше стрелец на пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА