Репрезентацијата на Шведска триумфираше со 2-1 против Романија во првото коло од Групата Ф во квалификациите за ЕП 2020.
Швеѓаните имаа предност од 2-0 по головите на Каисон и Клаесон уште во првото полувреме, но стравуваа до крај за победата откако гостите намалија со голот на Кесери во 58. минута.
Во оваа група, Малта славеше против Фарските острови со идентични 2-1.
Во Групата Д, Ирска едвај успеа да стигне до триумф против Гибралтар од 0-1 благодарение на голот на Хендрик во 49. минута. Претходно, Швајцарија славеше со 0-2 на гостувањето против Грузија.
ГРУПА Д – 1. КОЛО
Грузија – Швајцарија 0-2
Гибралтар – Р. Ирска 0-1
ГРУПА Ф – 1. КОЛО
Малта – Ф. острови 2-1
Шведска – Романија 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА