Хокеарската репрезентација на Шведска со победа над Летонија од 3-2 го стартуваше настапот на турнирот на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Швеѓаните по половина игра во првата третина стигнаа до предност од 1-0 со голот на Валмарк во 10. минута. На самиот старт на вториот дел со голот на Ландер во првата минута од продолжението веќе беше 2-0, а Валмарк со својот гол во 14. минута од втората третина донесе водство од 3-0.
Следуваше опуштање на Швеѓаните кое Летонците за малку не го казнија. Прво Крастенбергс во 17. минута од втората третина постигна гол за 3-1, а потоа Јелисејев во 7. минута од последниот период намали на 3-2. Сепак, Летонија немаше сила за да се врати целосно во мечот и на крајот доживеа пораз од 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА