Шведска за малку од „готово-вересија“ против Германија, но сепак стигна до бронзата на ЕП

Ракометарите на Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Германија откако денеска во мечот за третото место во крајно интересен натпревар славеа над домаќинот со 34-31.

Швеѓаните феноменално го стартуваа мечот и веќе на полувреме имаа комотни плус шетс 18-12. Предноста ја држеа се до последните десет минути, кога почна да се топи нивната предност, а на шест минути до крајот Германците стигнаа и на само минус еден 30-29. Сепак, на сцена тука стапи Паличка кој со неколку интервенции во финишот успеа да донесе победа за Швеѓаните 34-31.

Андреас Паличка со 19 интервенции беше убедливо најдобриот поединец на паркетот, а кај победникот Клар додаде осум гола. Кај поразените со истиот број погодоци заврши Ренарс Ушинс. Покрај освоениот бронзен медал Шведска со овој триумф обезбеди и пласман на Летните олимписки игри кои летово ќе се одржат во Париз.

 

Се вчитува...