Тимот на Шкендија вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде надгледуван од членови на стручниот штаб на шведскиот АИК Стокхолм, кој би бил противникот во следната трета квалификациска рунда на тетовци во УЕФА Конференциската лига.
Не оставајќи ништо на случајот, од АИК Стокхолм на лице место сакаат во живо да го „снимат“ следниот свој противник во европското натпреварување, па во Скопје допатува помошниот тренер на АИК, Мартин Фалк.
Фалк, кој е еден од асистентите на шефот на стручниот штаб на АИК, Бартош Гржелак, ќе биде вечерва присутен на „Тодор Проески“. Натпреварот меѓу Шкендија и летонска Валмиера почнува од 20 часот. Шкендија по првиот натпревар кој се одигра пред седум дена во Рига има предност од 2-1, поради што силни се верувањата дека македонскиот тим ќе игра во следната европска рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА