29 – годишниот шведски фудбалер Јаспер Бјоркман, боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Тоа е сериозна болест за која нема лек, а повеќето луѓе умираат во рок од две до пет години од почетокот на симптомите.
Во текот на фудбалската кариера имаше повреда на клучната коска, а пред една година почна да чувствува болки во левата рака. Мислел дека тоа е последица на повреда, но побарал лекарска помош. Отпрвин мислеле дека се работи за мултифокална моторна невропатија, но болката не престанала. Затоа побарал второ мислење и му била дијагностицирана АЛС.
„Бевме уништени, плачев, не можев да прифатам дека сум смртно болен. Видов само смрт“, изјави Бјоркман.
Во својата кариера Бјоркман настапуваше за клубови од првата и втората шведска лига, од кои најпознат е Хелсингборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

