Шведски репрезентативец е нов соиграч на Елмас во Наполи

Наполи денеска комплетираше уште еден трансфер, потпишувајќи петгодишен договор со Јенс-Лис Михел Кајусте, шведскиот репрезентативец кој пристигна од редовите на француски Ремс во таборот на новиот италијански првак.

„Наполитанците“ беа во потрага по играч кој би го заменил Ндомбеле (се врати во Тотенхем по истекот на позајмицата), а воедно би бил добра опција и доколку клубот го напушти Зиелински. Изборот падна врз Кајусте, чиј трансфер го чинеше клубот од Неапол 12 милиони евра. Тој денеска го потпиша договорот со „наполитанците“ по што го одржа и првиот тренинг со новите соиграчи.

Швеѓанецот мина четири сезони во дански Митјиланд, од каде минатото лето се пресели во Ремс. Тој одлично се снајде во дебитантската сезона во Франција, настапувајќи на 31 натпревар и постигнувајќи три погодоци, што беше препорака за трансферот во Наполи.

Се вчитува...