Швеѓанецот со македонско потекло станува соиграч на Елмас во Наполи!?

Крилниот играч на Тотенхем, Дејан Кулушевски би можел да се врати во Италија, откако во последно време се поголеми се шпекулациите за интерес од страна на тренерот на Наполи, Антонио Конте за неговите услуги.

Според италијанските меидиуми, Конте и спортскиот директор Џовани Мана веќе работат на можен договор со шведскиот репрезентативец кој има потекло од Македонија.

Наполи се соочува со сериозни тешкотии во седниот ред, и поради оваа причина бара решение за проблемот уште во јануарскиот преоден рок. На списокот има неколку имиња, а Кулушевски е еден од приоритетите на Конте. Сепак, „Ареа Наполи“ напоменува дека ќе биде тешко за верување дека Тотенхем ќе се одлучи да го пушти уште во јануари.

Позицијата на англискиот клуб околу Кулушевски би можел да ја промени само добра понуда.

Елмас во Наполи настапува како позајмен од Лајпциг, а на крајот на сезоната има опција да биде откупен, можност која Наполи најверојатно ќе ја искористи и повторно целосно ќе го врати „дијамантот“ во својот тим.

Се вчитува...