Швеѓаните им ја „зедоа мерката“ на Шпанците

Ракометарите на Шведска триумфираа против Шпанија со 29-26 (11-11), во второто коло во групата А на Олимписките игри.

Шпанците ја имаа почетната предност, но главно минимална на стартот, но Швеѓаните го презедоа водството и пред полувремето поведоа со највисоки дотогаш 11-7. Сепак, Шпанија со серија од 0-4 дојде до егал (11-11) на полувреме.

Во второто полувреме Скандинавците комплетно доминираа па дојдоа и до предност од највисоки седум гола (27-20 и 28-21).

Во финишот следеше опуштање кај шведските ракометари но Шпанците немаа сили за целосен пресврт.

Се вчитува...