Меѓународната фудбалска федерација го формализираше пласманот на Полска во финалето од разигрувањето за место на Светското првенство 2022 со тоа што не ја прифати жалбата на Русија за враќање во натпреварувањето. А, тоа создаде незадоволство во редовите на Шведска која доколку ја помине првата пречка наречена Чешка ќе се сретне со Полјаците во финалето.
Претседателот на шведската федерација, Хакан Сјостранд и селекторот Јане Андерсон велат дека во овој вид на натпреварување мора да има исти критериуми за сите и нејасно е како на Полска не и е доделен нов противник.
„Најразумно и спортски најчесно е Полска да има нов противник во полуфиналето. Разбираме дека ова е тешка загатка која ФИФА треба ја реши, но мора да се почитуваат исти критериуми за сите репрезентации. Односно играње и победа во два натпревара за пласман во финалната фаза од Свесткото првенство“, изјави претседателот Сјостранд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА